Книжевна награда „Златен прстен“ за Новица Ѓуриќ од Црна Гора

Наградата „Златен прстен“ ја доделуваат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.

230

Годинашен добитник на традиционалната Меѓународна награда за книжевен опус „Златен прстен“ е писателот Новица Ѓуриќ од Црна Гора. 

Наградата „Златен прстен“ ја доделуваат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.






Новица Ѓуриќ е поет, писател и новинар. Роден е во 1956 година во Дријенка кај Колашин. Претседател е на Здружението на писателите на Црна Гора, а бил и претседател на Здружението на новинарите на Црна Гора. Неговото творештво е преведено на италијански, руски, германски, англиски, бугарски, шведски и македонски јазик. Покрај поезија и проза, Ѓуриќ пишува и есеи и критки. Застапен е во 13 антологии и добитник е на 12 книжевни награди и седум награди за новинарство. Живее и создава во Подгорица, каде работи како новинар на весникот „Политика“. Објавил 25 книги со поезија, проза, есеистика и публицистика.

Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје наскоро по повод наградата „Златен прстен“ ќе објави негова нова книга на македонски јазик.

Досегашни добитници на наградата „Златен прстен“ се: Милан Ѓурчинов, Ферид Мухиќ, Светлана Христова Јоциќ, Јордан Плевнеш, Васил Тоциновски, Петре Бакевски, Веле Смилевски, Тодор Чаловски, Раде Силјан (Република Северна Македонија), Фиона Самсон (Англија), Петар Опачиќ, Борислав Павловски (Хрватска), Бања Нацуиши (Јапонија), Владислав Бајац, Момо Капор, Радомир Андриќ, Ева Рас, Душица Илин, Ристо Василевски, Виктор Б. Шеќеровски, Милан Орлиќ, Радован Влаховиќ (Србија), Сергеј и Тетјана Ѕуба (Украина), Аднан Озер (Турција), Радомир Уљаревиќ (Црна Гора), Јованка Стојчиновиќ Николиќ (Босна и Херцеговина) и  Мирослав Демак (Словачка).

Поврзани содржини