Памела Андерсон и петтиот сопруг се вклучија во емисија од креветот ВИДЕО

911

Холивудската секс-бомба Памела Андерсон неодамна го шокираше светот објавувајќи дека се омажила за телохранител во текот на карантинот!

Иако нејзиниот петти сопруг го доживеаја како шок нејзините обожаватели, многу гледачи ја нарекоа најлоша, откако го гледаа интервјуто на Памела дадено од креветот во спалната соба.






Памела и Дан се приклучија на шоуто „Loose Women“ на британската телевизија, додека тие сè уште беа во кревет.

Како тоа да не беше доволно проблематично, тие имаа изјави како: „Ние не сме изглегле од креветот до венчавката“, „Тој е вистински човек, тој знае како да замени сијалица“.

„Еве ги, во кревет!“ извика збунетата водителка Надија Савала кога брачниот пар се вклучи во живо во емисијата.

Додека беше под прекривката со него, 53-годишната Памела се кикотеше и се шегуваше:

„О, па не сме станале од кревет од Божиќ“, кога тајно се венчаа во задниот двор на нејзината куќа во Ванкувер, Канада.

 

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини