ВМРО-ДПМНЕ: Заев, како аболиран криминалец е срам за државата, го руши угледот на Македонија

316

Зоран Заев е тој што го руши угледот на Македонија. Заев е единствен премиер во Европа, кој е аболиран за криминал. Заев е срам за државата, цела Европа можеше да види како од позиција на градоначалник бараше мито, по принципот „евро за Вицето”. Цел свет гледаше како Бојан Јовановски – Боки 13, кој ја носеше ташната со изрекетирани милиони кажува дека парите од аферата „Рекет” завршиле кај Зоран и Вице Заев, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сите слушнаа како Дака во снимен разговор вели дека му дал на Заев 300.000 евра, и ветување за нови 2000 метри квадратни станбен и деловен простор и маркица за бензинска. За Заев има толку докази и индиции за криминал, што ако ги гледа независно обвинителство веднаш ќе биде приведен, а со сите дела на товар нема да го напушти затворот. Заев е политичар синоним за криминал. Заев треба да си замине, за Македонија да тргне напред – вели ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини