Париз замрзна! Работниците топеа снег и мраз со пламеници на Ајфеловата кула! (ВИДЕО)
Регионите на Нормандија и Бретања мораа да затворат голем број патишта поради недостаток на механизација за расчистување на патиштата.
Работниците го стопија снегот и мразот што се зафатија на металната конструкција на Ајфеловата кула, а снежната покривка денес го парализираше сообраќајот на патиштата и железницата низ северот на Франција.
Регионите на Нормандија и Бретања мораа да затворат голем број патишта поради недостаток на механизација за расчистување на патиштата.
– По ова ледено време, платформите на Ајфеловата кула се замрзнати, така што ние користиме пламеници за топење на снегот и мразот затоа што има корозивно дејство врз металната конструкција – објави управата на Ајфеловата кула.
🇬🇧 When negative temperatures return, my floors got partially covered with ice! 🥶 To get rid of it, we need to use a blowtorch because ice-control salt is too corrosive for the metal.#EiffelTower pic.twitter.com/nkdgLVaUHf
— La tour Eiffel (@LaTourEiffel) February 9, 2021
Делови од Централна и Северна Европа, како и Велика Британија, се погодени од леден бран проследен со обилни снежни врнежи, а сообраќајот е отежнат во Германија, Чешка, Белгија и Холандија.