Америка во шок по снимката од апсењето на девет годишно девојче! И ставиле лисици и ја прскале со пепер-спреј! (ВИДЕО)

Ајде. Јас ќе те испрскам со пепер спреј, а не сакам, затоа седни. Ајде, ова е последна шанса, инаку спреј со бибер влегува во очите. Ајде, ајде да одиме - вели полицајката.

663

Покрената е внатрешна истрага во полициската станица во американскиот град Рочестер, откако се појави видео од полицајка кој прска пепер-спреј врз малолетничка која е на задното седиште на полициски автомобил. Полицијата соопшти дека девојчето било суицидно и дека се заканувала дека ќе ја убие нејзината мајка.

На видеото се гледа како деветгодишно девојче со лисици на рацете седи во задниот дел на полицискиот автомобил и се чини дека не ги почитува наредбите на полицијата. Лицето на девојчето е заматено на видеото.






– Ајде. Јас ќе те испрскам со пепер спреј, а не сакам, затоа седни. Ајде, ова е последна шанса, инаку ќе те прснам со пепер-спреј во очите. Ајде, ајде да одиме – вели полицајката.

– Го сакам татко ми – плачеше девојчето, а полицајката рече:
– Одам по него.

Друг службеник кажува на девојчето да застане за момент и да земе длабок здив. Потоа се слуша како вреска:

– Те молам, не! Стоп!. Полицајката потоа прска пепер-спреј во лицето на девојчето.

– Ми влезе во очи! Те молам! – извика девојчето, а полицаецот ја затвори вратата од автомобилот, се оддалечи до возилото и додаде: – Неверојатно.

Според локалниот весник „Демократ и хроника“, полицијата била повикана поради „семејни проблеми“ кои вклучуваат и потенцијални кражби на возила. Тогаш им се обратиле родителите на девојчето, кои рекле дека се плашат малолетничката да се повреди себеси и другите. За девојчето се вели дека побегнала од дома пред да биде лишена од слобода во блиската улица.

Полицијата изјавила дека малолетничката била вознемирена и ги удирала полицајците кога ги видела нејзините родители. Потоа и биле ставени лисици заради нејзината безбедност и по барање на нејзините родители, додава полицијата. Детето не соработувало и одбило да ги стави нозете во автомобилот, а припадниците на полицијата морале да реагираат, соопшти полицијата.

Девојчето потоа било пренесено во болница, а подоцна се вратило кај семејството. Во моментов полицијата го истражува инцидентот.

На прес-конференција, заменик-началникот на полицијата во Рочестер, Андре Андерсон, рече дека девојчето „посочило дека сака да изврши самоубиство и да ја убие нејзината мајка“.

Шефот на полицијата во Рочестер, Синтија Хериот-Саливан рече: – Нема да застанам тука и да кажам дека е во ред да се прска пепер-спреј на деветгодишно дете.

Градоначалничката Лавли Ворен претходно изјави дека е загрижена за инцидентот и ѝ нареди на полицијата да спроведе темелна истрага.

– Тоа не е нешто што секој од нас треба да сака да го оправда. Тоа е нешто што мора да го смениме – додаде таа. Неколку членови на градскиот совет рекоа дека се подеднакво шокирани и лути поради начинот на кој полицијата се однесувала кон малолетничката.

– ДЕВЕТ! Колку се плашеле од деветгодишно девојче со лисици, па морале да користат и пепер-спреј? По прскањето, можам да потврдам, нејзиниот живот ќе се промени. Некој ќе биде одговорен за тоа – напиша членот на Градскиот совет Мери Лупен на Твитер.

Демонд Микс, пратеник во сојузната држава Њујорк, објави на Твитер дека полицајците треба да бидат отпуштени поради нивното однесување.

Поврзани содржини