Во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот во ковид центрите во болниците низ земјава.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 597. Има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите.
Министерството за здравство соопшти дека во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти.
– Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 49 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 18 во ковид центарот во Гостивар 19, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 13, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот., се наведува во дневниот извештај на Министерството.
Оттаму посочуваат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, како што информираат, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се наведува во соопштението