ВМРО-ДПМНЕ: Вакцините стасаа и во Африка, а СДСМ нуди халуцинација, наместо вакцинација
ВМРО-ДПМНЕ, реагира откако владејачката партија ги обвини дека ја политизираат вакцинацијата.
– СДСМ во реакција клевети дека ВМРО-ДПМНЕ наводно и во вакцинацијата гледа политика. Да прашаме: за која вакцинација зборува СДСМ, кога сите знаеме дека не само што нема вакцинација, немаат ниту план за вакцинација во услови кога aфриканските држави вакцинираат. Наместо СДСМ на народот да му понуди вакцинација, тие му нудат чиста халуцинација – реагира ВМРО-ДПМНЕ.