Најтетовираната Британка остана без слободно место на телото, па го нацрта и челото (ФОТО)

Нејзина омилена, како што вели, е тетоважа со стихови од Дејвид Боуви на нејзиното чело, пренесува „The Lad Bible“.

1,143

Жената која го носи епитетот најтетовирана личност во Велика Британија започна да го тетовира лицето откако остана без простор на телото на кој  може да се нацрта нешто со мастило.

Беки Холт (33) го покри целото тело со тетоважи, а само дланките и стапалата ѝ останаа празни.






Таа вели дека станала зависна од тетоважи во раните 2000-ти кога имала 15 години.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Becky Holt (@beckyboltholt)

Се проценува дека нејзините тетоважи вредат околу 35 000 фунти, иако таа вели дека некои ги добила бесплатно.

Нејзина омилена, како што вели, е тетоважа со стихови од Дејвид Боуви на нејзиното чело, пренесува „The Lad Bible“.

– Снемав простор и сакав повеќе – изјави таа во гостување на телевизија, запрашана зошто почнала да се тетовира на лицето.

Таа рече дека претходно рекла дека никогаш нема да ги истетовира рацете, вратот или лицето, но кога остана без место за тетоважа, се премислила.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Becky Holt (@beckyboltholt)

Поврзани содржини