Геолозите збунети поради ширењето на големите дупки во близина на Петриња (ВИДЕО)

Дупките се шират уште повеќе, па не е паметно да им се пристапува. Тие сè уште се зголемуваат. Експертите велат дека без детално истражување, ништо не може да се каже со сигурност.

1,260

Колку се длабоки дупките што се појавија во почвата во областа Банија во Хрватска по земјотресот – не е познато. Водата во нив е заматена, така што длабочината не може да се процени, ниту може да се измери затоа што е премногу опасно.

Дупките се шират уште повеќе, па не е паметно да им се пристапува. Тие сè уште се зголемуваат. Експертите велат дека без детално истражување, ништо не може да се каже со сигурност.






Геолозите кои го прегледуваат теренот велат дека досега снимиле околу 30. Дупката во Меченчани се проширила за последните четири дена. Ова е видливо со голо око. Теренот го испитуваат геолозите и во тек е истражување.

Веројатно станува збор за прилив на течности богати со разни корозивни гасови од длабочините, што ја поттикнува корозијата на варовникот, објасни Твртко Корбар од Геолошкиот институт за Нова ТВ.

– Тоа е многу специфичен феномен за кој малку знаеме. Сме прочитале за тоа во научната и стручна литература, но самиот феномен во Меченчани, е геолошки неочекувана. Никој не може да знае што има на помалку од пет-шест метри под земја – рече Корбар.

Последователните потреси исто така придонесуваат за проширување на дупките, а сеизмолозите повторуваат дека тие се чести. Областа Банија била погодена од повеќе од илјада земјотреси само во првите три дена.

– Последователните земјотреси се нешто што е сосема очекувано по еден ваков крајно разорен земјотрес. Тоа се земјотресите што се забележани и кои што моите колеги ги анализираат исклучително трпеливо – повтори шефот на сеизмолошката служба Инес Иванчиќ.

Геодетите од мерењата и сателитските снимки откриле дека целата област е буквално поместена – едниот дел на исток, а другиот на запад.

– Хоризонталните поместувања на површината имаа амплитуди од околу седумдесет сантиметри, триесет на едната страна, четириесет на другата, а вертикалните беа малку помали, неколку сантиметри. Секој земјотрес дополнително можеби ги помести за неколку сантиметри. Страшно е, но тоа е природен феномен – рече Корбар.

Поврзани содржини