Водечки метеоролог најавува поларен студ кон крајот на јануари
Студениот бран што им се заканува на Северна Америка, Европа и Азија од крајот на јануари ќе биде сличен со оној што се случи во 2014 година, кога температурите во Чикаго се спуштија на минус 27 степени Целзиусови
Високо во атмосферата над Северниот пол, наскоро се можни температури што можат да го „замрзнат здивот“ на сите во северната хемисфера, најавува водечки метеоролог од САД кој не ја исклучува можноста поларниот студ да ја зафати и Европа.
Студениот бран што им се заканува на Северна Америка, Европа и Азија од крајот на јануари ќе биде сличен со оној што се случи во 2014 година, кога температурите во Чикаго се спуштија на минус 27 степени Целзиусови, вели Блумберг.
Вообичаено е во текот на зимата ладниот воздух да се „спушти“ од Арктикот. Но, студот претежно остана околу Северниот пол во сезоната 2019-2020. Сега, по скоро двегодишно затишје, зимата се заканува конечно да се врати.
Тод Крафорд, водечки метеоролог на Ај-Би-Ем, истакнува дека по речиси двегодишна пауза, на северната хемисфера може да и се закани продор на леден воздух од Арктикот.
– Очигледно доаѓа возбудливо време со студени денови и снег – рече Крафорд.
Студениот воздух веќе навлезе во Западна Европа и Кина.
Во Париз, температурата е за 3,5 степени пониска од просечната за овој период од годината, во Мадрид е дури 6,9 степени Целзиусови постудена од вообичаеното, а во Пекинг температурата падна на рекордно ниско, па во четвртокот беше минус девет степени, според Тајлер Ројс, метеоролог за апликацијата Акваватер.
Технички, ова се поларни ветрови кои орбитираат околу Арктикот и го одржуваат студот „заклучен“ далеку на север, но со зголемувањето на температурите, познато како нагло стратосферско затоплување, студениот воздух може да го пробие поларниот „oбрач“ и да се упати кон југ.
– Тоа носи студено време насекаде на северната хемисфера, иако се чини дека ледениот бран најверојатно ќе трае само во САД годинава – рече Рајан Трузело, претседател на Ветер Тигар ЛЦЦ.
Синоптичарите, сепак, не очекуваат екстремен студ што се случува кога арктичката зима ќе пристигне на југот Но, зимата несомнено ќе се врати.