Повторно земјотрес во Хрватска, 4,1 степен во близина на Сисак
Уште еден земјотрес со јачина од 4,1 степен беше регистриран во Хрватска во 9,21 часот.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 14 километри од Сисак.
Според граѓаните на Сисак имало „силен удар и вибрации“, кои траеле кратко.