Трајанов: Не може со политичка одлука да се укинува предметот историја

1,141

Не прифаќам со политичка одлука да се менуваат предметите, да се укинува историја, бидејќи нема факти, нема експертско мислење, вели Павле Трајанов, лидерот на Демократскиот сојуз и коалициски партнер на СДСМ во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој ова го изјави на прашање да ги коментира актуелните случувања со Бугарија, како и новиот концепт за основно образование кој предвидува спојување на неколку предмети во еден . Таков пример е предметот по историја, кој повеќе нема да се изучува како посебен предмет, туку ќе биде дел од општествените науки. 






Трајанов порача дека мора да покажеме повисок степен на одговорност и да ги штитиме нашите национални интереси и дека немаме заедничка историја со Бугарија.

– Од кога знам за себе постојано сме во реформи за образованието. Апсолтно не треба да се размислува за било каква промена околу изучувањето на историјата. Како ќе се изучува? Како посебен предмет, најдобро е во ова турбулентно време да остане така како што е – рече Трајанов. 

Поврзани содржини