Објавена снимка од забава на Марадона неколку дена пред смртта (ВИДЕО)

Марадона почина на крајот од ноември на возраст од 60 години по операција на мозокот.

1,535

Смртта на еден од најголемите фудбалери Диего Марадона во аргентинските медиуми и натаму е топ тема. Денеска порталот elnueve.com објави видео од аргентинска телевизија која твдри дека е направено неколку дена пред операцијата на мозокот по која почина  легендата на аргентинскиот фудбал.

Според ТВ станицата Конфронтадос  видеото е  од забава на која бил и Марадона на која се гледа дека бил во алкохолизирана состојба. Видеото, како што тврди телевизијата, е направено неколку дена пред операцијата на фудбалерот.






Марадона почина на крајот од ноември на возраст од 60 години. Неговиот живот, како и што самиот изјавуваше, беше поврзан со низа скандали поврзани со употреба на дрога и алкохол.

Видеото го објавија и други медиуми во Аргентина.

 

Поврзани содржини