Има воља да се олезни процедурата за добивање дозвола за ловечко уружје. Ова било констатирано на средбата помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Ловечката федерација, Влатко Алексовски и заменик претседателот на федерацијата, Марјан Даскаловски, информира МВР.
На средбата се разговарало за можните предизвици и насоки во делот за измена на законот за оружје, со единствена цел да се поедностави постапката на граѓаните, за стекнување со право за добивање на ловечко оружје.
– Министерот Спасовски и претставниците на ловечката федерација, изразија добра волја за олеснување на процедурата за добивање дозвола за ловечко оружје, како и продлабочување на соработката и решавање на сите предизвици и проблеми и во наредниот период – велат од МВР.