Метју Пери ѝ давал по 4.000 долари на поранешната бремена девојка за да му носи дрога ФОТО

846

Ѕвездата на серијата „Пријатели“ помина низ вистински пекол во 2011 година, а сега неговата поранешна девојка откри сѐ што морала да прави за него.

Поранешната девојка на актерот Метју Пери (51), кој се прослави со улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, Кети Едвардс тврди дека холивудскиот актер бил толку зависен од дрога, што таа му носела кокаин, хероин и крек во петтиот месец од бременоста во замена за пари.






Имено, актерот беше во таков проблем пред 10 години, што консумираше разни опоиди и алкохол секој ден, и ѝ велел на својата девојка дека „никој нема да запре бремена девојка, затоа да не се грижи“.

Кејти Едвардс, која останала пријателка со Метју, откако имале кратка врска, за странските медиуми изјави дека Пери се борел со зависности со децении и дека во 2011 година го достигнал дното на својот живот, додавајќи:

– Бев бремена 5 месеци кога му купував разни работи. Пери договареше да ја купи дрогата, а јас ја земев од локацијата. Ќе ја отворевме вреќата, понекогаш тоа беа апчиња, кокаин, понекогаш хероин и крек, никогаш не знаев што ќе најдам – ​​започна таа.

Едвардс тврди дека навистина сакала да му помогне на актерот и да се сретне со дилерите за да го спречи Метју да талка сам по улиците и да набавува дрога, за да не биде фатен од полицијата или од папараците.

– Се сеќавам на тоа и мислам. Каков пријател сум јас? Но, јас сакав да му помогнам. Постојано ме тераше да се чувствувам виновна и велеше „ако не ми донесеш, ќе одам сам на улица и ќе ја земам“. А, јас му реков, бидејќи не сакав да вози во таква состојба и да шета сам по улиците: „Не, не, не, ќе го сторам тоа за тебе. Беше чудно. Нашата врска стана токсична, не можев да го одбијам – раскажала Едвардс.

Пери ѝ плаќал на пријателката да му донесе дрога на неговата адреса.

– Јас ги заработив сите тие пари. Сè што требаше да направам е да возам, да ја земам дрогата и да му ја однесам. Понекогаш три пати на ден, заработував 3.000 или 4.000 долари на ден. Постојано велеше дека парите не се проблем – додала Едвардс.

Таа откри дека му носела и дрога на снимањето на шоуто „Mr Sunshine“.

– Се сеќавам дека одев во студиото „Парамаунт“ до портата и ја носев дрогата до приколката, а тој не можеше да измами никого, беше очигледно дека е зависник. Шоуто беше откажано по првата сезона. Секогаш се прашував како некој може да го консумира сето тоа и да не умре – рекла Едвардс.

Таа додаде дека сè било толку страшно што еднаш актерот случајно ги залепил рацете со супер лепак за нозете додека бил надуван. Пери е трезен и чист веќе некое време, а неодамна ја запроси својата девојка Моли Хурвиц, па фановите се надеваат дека ќе се сврти кон нови навики и нов, поздрав начин на живот.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини