Во поликлиниката во Шуто Оризари пункт за бесплатни брзи корона-тестови

Матичните лекари ќе може да закажуваат термини веќе од понеделник, а тестирањето ќе почне во среда и ќе се одвива секој ден од понеделник до петок во прва смена.

500
Во поликлиниката во Шуто Оризари од следната недела ќе почне со работа пункт каде ќе се врши тестирање за коронавирус со брзи антигенски тестови. Матичните лекари ќе може да закажуваат термини веќе од понеделник, а тестирањето ќе почне во среда и ќе се одвива секој ден од понеделник до петок во прва смена.





На пунктот ќе се изработуваат по 30 теста дневно, а тестирањето ќе го врши лаборант, кој помина соодветна обука за земање брисеви за брзи тестови. Во Скопје досега имаше 6 пункта за брзи тетсови и тоа во поликлиникте во Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Бит Пазар, Јане Сандански и Млин Балкан. На овие пунктови дневно се прават по 360 тестирања.
Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот Ковид-19, не повеќе од пет дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали тој ќе се тестира со ПЦР тест или со антигенски – брз тест. Брзите тестови се бесплатни за граѓаните.
Поврзани содржини