Мицкоски: Тоа што осудениот Бучковски преговара со Бугарија е вовед во ново апокалиптично сценарио ВИДЕО

580

Сакам да ја предупредам македонската јавност, македонскиот народ, македонската нација, граѓаните во Македонија дека новоименувањето на Владо Бучковски за посредник во спорот со нашиот источен сосед, човекот кој што имаше осудителна пресуда а потоа преку Врховниот суд во владеењето на Зоран Заев, а знаете како тие трас-трас одлуки се носеле во Врховниот суд беше ослободен, човекот кој што беше осуден за проневера за тенковски делови, за бугарските тенкови денеска треба да го решава историскиот спор со соседна Бугарија, претставува вовед во едно ново апокалиптично сценарио, вовед во едно ново предавство кое што ќе треба да биде извршено и врз македонскиот надор, македонската нација и македонската држава, асимилација на македонскиот народ, на маса се македонската историја, македонскиот јазик, традиција обичаи и откажување од македонското национално малцинство кај нашиот источен сосед.

Ова од Куманово на протестот на опозицијата го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека за сето ова денеска преговара Владо Бучковски по налог на Зоран Заев.






– Го предупредувам македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара а ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која што ќе ја предводи и дната влада, која што ќе биде влада на национално единство нема ниту една реченица од евентуално парче харија кое што ќе го потпише двоецот Заев и Бучковски да го почитува.

Нема ниту едн реченица, ниту еден збор кое што планираат двоецот Заев и Бучковски да го потпишат, а кое што ќе биде на штета на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик и на македонската традиција, обичаи да ги почитува – рече Мицкоски.

Тој најави продолжување на, како што рече. изразување на револтот против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва простираше во 15 градови против, како што велат, продавањето на националните интереси од страна на власта.

Поврзани содржини