Американската биотехнолошка компанија Модерна, една од компаниите која јадалеку дотурка во развојот на вакцина против ковид-19, вели дека од американските и од европските регулатори ќе бара дозвола за користење на вакцината бидејќи новата студија покажала дека вакцината силно штити од билеста, пишува The Associated Press.
Повеќе вакцини се потребни за светот да ја реши пандемијата на коронавирусот, која во текот на изминативе месеци се засили и во Европа и во САД.
Модерна својата вакцина ја прави во соработка со Американскиот национален здравствен институт. Иако веќе постојат индикации дека нивната вакцина ќе функционира, истражувањето од минатиот викенд сугерира дека вакцината на Модерна ќе им ефикасност од повеќе од 94 отсто.
– Ова е запрепастувачко – рекол за CNN д-р. Паул Офит, член на надзорниот одбор за вакцини при Агенцијата за лековина САД.
– Ова се неверојатни податоци.