Медицинската фела загуби уште еден колега, почина хирург од Штип

Ова е 9. жртва од медицинската фела во ковид-19 пандемијата.

890

Ѓорѓи Денков, хирург од Штип почина од ковид-19, информира Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ.

„Денеска во 67-та година од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков. Сочувство до семејството, колегите и пријателите. Ова е 9. жртва од медицинската фела во ковид-19 пандемијата. Ве молиме почитувајте ги мерките за заштита и спречување на ширењето на SARS-CoV-2. Овие загубени животи не смеат да бидат залудни“, напишаа од АСМЛ.

Поврзани содржини