Ерменците и Азербејџанците „завојуваа“ и на профилот на Пенелопе Круз (ФОТО)
Круз објавила реклама за новиот филм „355“, а на позадината има три ленти - жолта, сина и црвена. Некои од нејзините следачи сугерирале дека тоа е знамето на Ерменија, коментирале на кого му припаѓа Нагорно-Карабах, а исто така ја обвиниле актерката дека ги поддржува Ерменците.
Ерменски и азербејџански корисници на социјалната мрежа Инстаграм ја нападнале шпанската актерка Пенелопе Круз поради фотографија со колумбиското знаме која ја објавила на својот профил.
Имено, Круз објавила реклама за новиот филм „355“, а на позадината има три ленти – жолта, сина и црвена. Некои од нејзините следачи сугерирале дека тоа е знамето на Ерменија, коментирале на кого му припаѓа Нагорно-Карабах, а исто така ја обвиниле актерката дека ги поддржува Ерменците.
Актерката објаснила дека на постерот се наоѓа знамето на Колумбија и навела дека во филмот „355″ ја игра Колумбијката Грациеле. Сепак, фановите продолжиле да се расправаат под постот кој добил повеќе од 90.000 лајкови.