Моментот кој никој не го очекуваше: Ние сме цимерки од 1994 година! ВИДЕО

881

Зад нас е 72. доделување на телевизиски награди Еми кои првпат се одржаа виртуелно поради пандемијата на коронавирусот.

Серијалите „Наследство“, „Шит крик“ и „Чувари“ доминираа на годинашните награди, а покрај тоа што немаше црвен тепих ниту забави, не недостасуваа изненадувањата и забавувањето.






Еден од најнеочекуваните моменти беше оној во кој ѕвездите од култната серија „Пријатели“ Џенифер Анистон, Лиза Кудроу и Кортни Кокс се појавија во живо преку Скајп. Иако Џенифер беше една од презентерките на доделувањето на наградите и беше номинирана во категоријата најдобра актерка за улогата во серијата „Утринско шоу“, никој не можеше нида претпостави дека ќе се случи овој собир на „Пријатели“.

Прво на екранот се појави Џенифер облечена во домашна роба. Набрзо до неа се појави и Кортни Кокс.

– Ох, и Кортни е тука – изјави водителот Џими Кимел откако на екранот покрај Џенифер се појави и нејзината колешка од серијата..

– Да, живееме заедно! Ние сме цимерки од 1994 година – одговори Анистон, а наскоро во кадрот се појавија и Лиса Кудроу како и Џејсон Бејтмен и ги воодушевија гледачите.

FOTO: Tviter

 

Поврзани содржини