ВМРО-ДПМНЕ: Со ротација на кадрите Заев го штити криминалниот синџир

Хибридната коалиција на Заев и старите кадри кои ја направија Македонија најкорумпирана држава во Европа - велат од најголемата опозициска партија.

672

Не престануваат критиките за новиот владин состав од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако владејачкиот СДСМ, но и коалицискиот партнер ДУИ ги објавија номинираните кандидати за министерските позиции, кои допрва треба да ги изгласа Парламентот. Сепак, реакциите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат првенствено за изборот на Заев за кадри од СДСМ во новата влада.

– Кадровските решенија на власта се „лажни експерти“ по сите прашања и со нивна ротација Заев продолжува да го штити синџирот на криминал и корупција во високите кругови на власта. Со Бојан Маричиќ не може да има реформи во судскиот систем, единствено ќе има монтирани судски обвиненија, монтирани случаи, избор на подобни обвинители и судии и заштита на корупцијата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Коалиција на СДСМ со ДУИ пак, ја нарекуваат хибридна.

– Хибридната коалиција на Заев и старите кадри кои ја направија Македонија најкорумпирана држава во Европа, со нов долг од 1 милијарда евра за три месеци може само да донесе економски крах и неуспех – велат од најголемата опозициска партија.

Од СДСМ денеска порачаа дека новата Влада предводена од Зоран Заев, е составена од одговорни, чесни, отчетни и професионални кадри, кои, како што се вели во партиското соопштение, во наредниот полн четиригодишен мандат, посветено ќе работат на реализација на зацртаните програми, а пред се на економскиот раст и развој.

Поврзани содржини