Падна мал авион врз станбена зграда во Германија, тројца загинати ВИДЕО

500

Три лица денеска загинаа кога ултралесен авион се урна во станбена зграда во северо-западна Германија, соопшти портпаролот на полицијата, јави ДПА.

Идентитетот на загинатите е непознат, како и прашањето дали и пилотот е меѓу нив. Во авионот имало место за две лица, појаснува агенцијата.






Авионот се урна врз покрив од зграда со пет стана во градот Весел, во регионот Долна Рајна Вестфалија, По падот покривот го зафатил оган, но пожарот е ставен под контрола попладнево.

При преглед на зградата пожарникарите пронашле мало дете, веројатно станар на зградата, кое било полесно повредено, соопшти портпаролот на полицијата.

Поврзани содржини