Детската клиника постави монтажна амбуланта за заштита од ширење на коронавирусот

209

Министерството за здравство денеска соопшти дека е поставена монтажна општа амбуланта во состав на Универзитетската клиника за детски болести, како дел од активностите за враќање на редовно работење на дел од клиниките, а со цел заштита од евентуално ширење на ковид-19 кај најмладите пациенти.

– Во оваа монтажна амбуланта ќе се прегледуваат сите деца кои не се закажани преку електронскиот систем МојТермин. Овие деца досега беа прегледувани во амбулантите во зградата на Детската клиника, а заради актуелната пандемија со ковид-19, пациентите кои ќе доаѓаат на преглед, и физички ќе бидат дистанцирани од другите пациенти кои се закажани во МојТермин, со цел заштита од ширење на коронавирусот меѓу пациентит – посочуваат од Министерството за здравство.

 

Поврзани содржини