СДСМ: ДПМНЕ во очај: Конечно слушнавме како звучи сечено-лепено, ама заборавиле да го исечат она МАРШ на претседателот Заев

Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, „јас велам МАРШ“ и влегува во борба со криминалот и корупцијата. Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција - соопштуваат од СДСМ.

1,127

На последниот ден од кампањата за парламентарните избори и официјално зариба машината за лажни вести во белиот дворец.

Конечно цела јавност гледа како звучи сечено-лепено. Во очаен обид да исценира некаков скандал во белиот дворец до толку се занеле во сечењето што на крајот заборавиле да го исечат она Марш од претседателот Заев во разговорот – соопштија попладнево од СДСМ.






Од СДСМ нагласуваат:

Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, „јас велам МАРШ“ и влегува во борба со криминалот и корупцијата. Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција.

Тоа ќе се потврди и на 15 јули со нив силен пораз за ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, последните бранители на криминалот и одговорност за секој што го прекршил законот!,

Поврзани содржини