Околу 5.000 граѓани во изолација да се пријават ако сакаат да гласаат

226

Според евиденцијата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), нешто под 5.000 граѓани се во изолација или на домашно лекување и ако сакаат да гласаат треба да се пријават на веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК).

– ДЗСИ планира симулација на процесот на гласање со членови на избирачки одбори, со претставници на набљудувачи од партиите согласно протоколот кој го дадовме. Ние дадовме списоци на здравствени работници. По тројца во општина ќе бидат определени од ДИК за да го спроведат заедно со одборите ова гласање – рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.






Согласно ревидираниот Роковник на ДИК рокот за пријавување на лицата со ковид-19 и во самоизолација, за гласање истекува на 8 јули на полноќ. Гласањето за оние што ќе се пријават ќе се одвива на 13 јули, а гласањето ќе го спроведат здравствени избирачки одбори односно Посебни избирачки одбори во кои членови се тројца здравствени работници и претставници на политичките партии. Лицата кои ќе добијат позитивен тест за ковид-19 и на ќе им биде дадено решение за самоизолација од 8 до 13 јули нема да можат да се пријават и да гласаат на парламентарните избори.

Поврзани содржини