300.000 луѓе сакаат да го забранат филмот во кој Исус е лезбијка ФОТО

714

Филмот „Хабит“ се најде на удар на критики во јавноста уште пред дистрибуцијата. Речиси 300.000 луѓе потпишаа петиција со која се настојува да се забрани дистрибуцијата на филмот, кој е окарактеризиран како богохулен бидејќи Исус е прикажан како лезбијка, иако тоа не се спомнува во промотивните материјали на филмот.

Главните улоги во филмот ги имаат Бела Торн и Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон. Парис го игра Исус, а во филмот се појавува и трансродната манекенка Андреја Пејиќ.






– Не е случајно што во составот има голем број актери со музички талент. Ќе имаме одличен саундтрак – рекол продуцентот Донован Леич за „Ентертејнмент викли“.

Дејството на филмот ја следи Бела, која ја игра улогата на жена која има фетиш на Исус и се маскира како чесна сестра за да избегне насилна трговија со дрога.

Дел од јавноста е згрозен од ваквиот портрет на Исус и смета дека филмот ги исмева христијанството и верниците.

Датумот на премиерата сè уште не е познат.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини