Пластичниот хирург Дејвид Метлок си направил совршената жена, а потоа ја запросил – и тоа во текот на првото нивно запознавање.
Вероника ја посетила ординацијата на сегашниот свој сопруг, пластичниот хирург Дејвид Метлок за да направи вагинопластика по раѓањето на нејзината ќерка.
Дејвид ѝ предложил да направи повеќе процедури што доаѓаат во пакет наречен „Wonder Woman makeover“ (Чудо од жена преуредување).
Вероника се согласила и се подложила на операција за кревање на задникот, вагинопластика и лабиопластика, липосукција на брадата, рацете и нозете и инјектирала ботокс на лицето.
– Таа се определи за сè што и предложив… Дури и за брак – раскажал подоцна Дејвид.
Вероника се шегувала дека сега е рекламен билборд за работата на Дејвид.
И докторот отишол „под нож“, вбризгувајќи си импланти во бицепсот, трицепсот, во листовите на нозете и на плочките на стомакот.
Иако Дејвид ја охрабрувал и поттикнувал Вероника на бројни операции, таа тврди дека тој ја сакал и пред сите операции.
– Знам дека Дејвид ме сака, затоа што кога влегов во неговата канцеларија, тежев десетина килограми повеќе, а тој рече дека тоа е љубов на прв поглед – заклучи таа.
View this post on Instagram