Протоколот за организација на јавни настани наскоро пред владата
Преставниците на Здружението сметаат дека организацијата на настаните како што се концерти и фестивали е возможна и во услови кога светот се соочува со пандемијата, доколу истите се прават под строго утврдени протоколи за заштита на здравјето на присутните.
Владата ќе го разгледа предлог протоколот за организација на јавни настани, вклучувајќи ги и поголемите културно-забавни манифестации во услови на коронавирусот на Здружението на културни работници и ќе постапи во согласност со мислењата и препораките што ги дава Комисијата за заразни болести.
Ова било ветено денеска на средбата на престставници на Здружението на културни работници со вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министрите Венко Филипче и и Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка министерка Сања Шкријељ.
Преставниците на Здружението сметаат дека организацијата на настаните како што се концерти и фестивали е возможна и во услови кога светот се соочува со пандемијата, доколу истите се прават под строго утврдени протоколи за заштита на здравјето на присутните.
– Здружението е подготвено преку кампањи за подигање на јавната свест да ги информира граѓаните за условите под кои би се одржувале настаните – ветиле културните работници.