Кина: Секоја одлука на САД да ги прекинат врските со Пекинг не би била реална

194

Кина денеска соопшти дека секоја одлука на САД за произволно прекинување на врските со Кина нема да биде реална ниту мудра.

Ова го изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан на прес-конференцијата реагирајќи на новите закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги прекине врските со Пекинг.






Трамп ја повтори својата закана еден ден откако американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер пред Конгресот изјави дека прекинот на врските меѓу американската и кинеската економија не го гледа како одржлива опција.

Амбасадорот Лајтизер не е виновен, можеби не се изјаснив јасно, но САД секако имаат политика на опции, според различни услови, сè до целосен прекин на врските со Кина, напиша Трамп на Твитер

Поврзани содржини