Николовска: Аферата „Рекет“ е уште една амнестија за Заев, Русковска да постапи по допрен глас ВИДЕО
Ако јавното обвинителство не го повика Зоран Заев и не отвори случај по исказот даден во судница, тоа ќе се смета за уште една во низата амнестии за Зоран Заев. Доколку ОЈО не го повика Зоран Заев тоа ќе значи признавање дека обвинителството работи по диктат на Заев, но и јавно признавање дека Зоран Заев стои зад случајот „Рекет“. Јавното обвинителство мора, има обврска и должност да постапува по допрен глас согласно своите надлежности и овластувања, а предвидени во нашите закони, порача на денешната прес-конференција Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа додаде дека ЈО е должно да го штити јавниот интерес и да не дозволи никој, па ни Зоран Заев да е над законот.
– ЈО продолжува да биде затворено во пупката на Заев. Дури ни по барање на првообвинетиот во случајот „Рекет“, неговиот мобилен телефон, но ни мобилниот телефон на Заев не се земени на вештачење, иако јасно и недвосмислено е посочено на постоење на порака со содржина – „Дојди да се видиме и ќе ги соочиме доказите“. Внимавајте, премиер на држава, две недели пред наводно да го пријави случајот, во ОЈО, повикува на сега првообвинетиот нагласувам, на „соочување на докази“. Тоа може да се толкува само дека 3оран 3аев поседува докази за време на истрага, а можеби и пред истрага во време пред воопшто рекетот да биде пријавен, тоа значи дека 3оран 3аев знаел за рекетот и дека во најмала рака изигрува обвинител и судија, а уште повеќе глава на злосторничкото здружување за рекетирање – нагласи Николовска.