Американската музичка ѕвезда, Бијонсе (38), потпиша договор со медиумската куќа „Волт Дизни“, вреден 100 милиони долари.
Станува збор за три нови проекти, само една година по снимањето на албумот „The Lion King:The Gift“ за потребите на филмот.
Еден од новите проекти е песна за филмот „Црниот пантер 2“, кој ќе излезе во јавност во 2021 година.
– Бијонсе стана главна ѕвезда, бидејќи совршено се вклопува во „Дизни“ светот – изјави извор близок на пејачката.