Познатиот музичар, Брајан Меј (72), вчера доживеал срцев удар и итно бил префрлен во болница.
Гитаристот од групата „Квин“ рекол дека лекарите откриле дека има три блокирани артерии, а тој им се обратил откако почувствувал болка во градите која траела околу 40 минути.
Како што навел Брајан на својот инстаграм-профил, инфарктот го доживеал непосредно откако ги скинал мускули на задната ложа. Со денови имал болки, а исто така имал ишијас, кој му предизвикувал дополнителна болка.
Легендарниот музичар рекол дека бил ‘близу смртта’ и дека лекарите дијагностицирале дека има три запушени артерии.
За среќа, немало кобни последици. Му била извршена рутинска операција, при која му вградиле три стента, после што бил пуштен на закрепнување дома.