Стаменковска-Стојановска: Се вработуваат нови лица, а платата во администрацијата се крати

За овие состојба, вели Стаменковска-Стојановска, ќе биде известена и Европската унија.

594

Дополнителната заменичка министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска-Стојановска  реагираше на изјавата на министерката за финансии Нина Ангеловска за намалување на платите во јавната администрација дадена за време на гостувањето на Телма телевизија.

Во реакцијата на нејзиниот фејсбук профил, Стаменковска-Стојановска наведува дека истовремено се најавува кратење на платите на вработените во јавниот сектор и се вршат нови вработувања во институциите.






„Нема да побегне од одговорност хибридениот режим со заробени институции. Иако известувам и пријавувам незаконски вработувања, институциите кои треба да вршат надзор над примена на законите, не постапуваат, ќе остане забележано како сите државни и јавни институции се злоупотребуваат за предизборната кампања на СДС, а со Обновата на Македонија институциите ќе се ослободат, секоја злоупотреба на макар еден денар од буџетот на државата и на институциите, ќе се истражи и за секое незаконско постапување одговорност ќе има“, пишува Стаменковска-Стојановска.

Таа потсетува дека информирала дека против едно лица се води кривична постапка за не водење на редовност во една институција, додека за други вработени на кои им се исплаќа плата, иако не постои повеќе основ поради кој се вработиле, нема опомена и кривична одговорност.

За овие состојба, вели Стаменковска-Стојановска, ќе биде известена и Европската унија.

Поврзани содржини