Во светот најмалку 90.000 здравствени работници се заразени со ковид-19

Сепак, ИЦН стравува дека таа бројка е можеби и двојно поголема со оглед на извештаите во кои се посочува за постојан недостиг на заштитна опрема во борбата против новиот коронавирус.

175

Најмалку 90.000 здравствени работници во светот се заразени со ковид-19, соопшти денеска Меѓународниот совет на медицински сестри (ИЦН).

Сепак, ИЦН стравува дека таа бројка е можеби и двојно поголема со оглед на извештаите во кои се посочува за постојан недостиг на заштитна опрема во борбата против новиот коронавирус.






Во соопштението на ИЦН се наведува дека од ковид-19 досега починале 260 медицински сестри и се апелира националните власти да водат попрецизна евиденција за да помогнат во спречувањето на ширењето на вирусот меѓу персоналот и пациентите.

Поврзани содржини