Шведска се закани дека ќе ги затвори кафулињата и рестораните што не ги почитуваат препораките
Владата апелираше до 290 локални самоуправи да известуваат за тоа како кафулињата и рестораните ги применуваат препораките од Агенцијата за јавно здравје.
Шведска се закани дека ќе ги затвори сите кафулиња и ресторани што не се придржуваат до препораките од здравствените власти за социјална дистанца.
– Гледаме загрижувачки извештаи за пренатрупани тераси од кафулиња и ресторани. Дозволете ми да бидам многу јасен. Не сакам да видам пренатрупани тераси од рестораните во Стокхолм или кое било друго место – изјави министерот за внатрешни работи Микаел Дамберг.
Владата апелираше до 290 локални самоуправи да известуваат за тоа како кафулињата и рестораните ги применуваат препораките од Агенцијата за јавно здравје.
– Овие упатства мора да се почитуваат, во спротивно локалите ќе бидат затворени – истакна Дамберг.
Шведска се одлучи за релативно либерална политика во борба со пандемијата на ковид-19, па наместо рестриктивни мерки, одлучи кафулињата и рестораните да останат отворени, како и училиштата