Саудиска Арабија ќе донира 500 милиони долари за борба против коронавирусот

Ријад, преку соопштениe, ги повикува сите други земји, невладини организации, филантропи и приватниот сектор да донираат средства за да ја покријат финансиската дупка, од околу осум  милијарди американски долари потребни за соодветен одговор на пандемијата на коронавирус.

399

Саудиска Арабија, која во моментов претседава со Г-20, денеска соопшти дека ќе донира 500 милиони долари за поддршка на глобалната борба против пандемијата на коронавирус и ги повика другите земји и организации да донираат средства.

Од споменатите средства, 150 милиони американски долари се наменети за Коалицијата за епидемиска подготвеност и иновации, 150 милиони долари за Глобалната алијанса за вакцини и имунизација и 200 милиони долари на други здравствени организации и програми.






Ријад, преку соопштениe, ги повикува сите други земји, невладини организации, филантропи и приватниот сектор да донираат средства за да ја покријат финансиската дупка, од околу осум  милијарди американски долари потребни за соодветен одговор на пандемијата на коронавирус.

Поврзани содржини