Уште две лица од Штип оздравени од ковид-19
Како што информираат, во моментов во болницата во Штип од ковид-19 се лекуваат четири пациенти, а Штипската болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста кои се на домашно лекување.
Министерството за здравство информира дека денеска попладне се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од ковид-19, кои со лесна слика на болеста беа на домашно лекување, а под постојан надзор на лекарскиот тим од болницата во Штип.
Кај овие лица, согласно протоколот, беа направени два контролни теста и тие покажаа негативен резулат на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство пренесувајќи информации од Институтот за јавно здравје.
Како што информираат, во моментов во болницата во Штип од ковид-19 се лекуваат четири пациенти, а Штипската болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста кои се на домашно лекување.