Постарите пациенти во Британија се откажуваат од реанимација за да се спасат млади животи

Лекарите во болницата во Велс истакнале дека постојат големи бенефити од поплнувањето на формуларите.

1,593

Во време на пандемијата од коронавирусот, британските лекари им нудат можност на повозрасните пациенти кои боледуваат од тешки болести да потпишат документ преку кој се одрекуваат од правото на реанимација во случај да бидат заразени од ковид-19.

Оној што ќе го потпише формуларот автоматски се одрекува од правото на оживување, доколку неговата состојба се искомплицира како последица на коронавирусот, пишуваат британските медиуми.






„Нема да ве напуштиме, но мораме да бидеме искрени и реални“, пишува во формуларот.

Лекарите во болницата во Велс истакнале дека постојат големи бенефити од поплнувањето на формуларите.

Па така, во случај да се искомплицира состојбата на пациентот поради коронавирусот, неговиот лекар, пријателите и членовите на семејството знаат дека не мора да повикаат Брза помош и така да им се остави простор на здравствените работници да им помогнат на младите и на соние кои имаат поголема шанса за оздравување.

Но, од друга страна, пак, еден пациент рекол дека токму тој формулар го натерал да се чувствува безвредно, а една пациентка која боледува од рак истакнала дека документот го доживеала како предупредување на смртта.

Поврзани содржини