Лекарите на Инфективна работат по 24 часа, па два дена одмараат

943

Работата на лекарите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е организирана во дежурства во траење од 24 часа, по што им следуваат два дена одмор.

– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, засега средниот медицински персонал е организиран во сменска работа и тоа 12 часа дневна смена и 12 часа ноќна смена, со одмор во следните два дена. Лекарите работат сѐ уште во дежурства по 24 часа, по што одмараат наредните два дена – одговараат од Клиниката за инфективни болести по одредени информации дека персоналот во оваа установа работел и повеќе од 24 часа.






Оттаму најавуваат дека системот ќе претрпи промени поради реорганизација и вклучување на колеги од другите оддели и клиники.

– Информацијата дека персоналот на Клиниката работи по 36 часа дневно е неточна – тврдат од оваа Клиника.

Во врска со здравствената состојба на медицинскиот техничар кој е дијагностициран со ковид-19, тој е во добра општа состојба и е единствениот позитивен досега во оваа здравствена институција.

 

Поврзани содржини