Со лет од Лондон утре ќе се враќаат македонски граѓани во земјава

Од Министерството посочуваат сите заинтересирани да ги достават податоците: име и презиме, број на македонски пасош, контакт телефон и мејл адреса и истите да ги испратат на мејлот од Амбасадата: [email protected] денеска до 10 часот.

915

Министерството за надворешни работи ги информира сите македонски граѓани во Обединетото Кралство, кои планираат да се вратат во земјава со авионски превоз Лондон-Скопје организиран од Владата,  рокот за пријавување на повикот завршува денеска, 5 април до 10 часот. Летот од Лондон до Скопје ќе се реализира утре.

Владата овој авионски превоз Лондон-Скопје го организира на 6 април 2020 (понеделник) во попладневните часови.






„Упатуваме последен повик до сите вас, македонски граѓани во Обединетото Кралство, посебно оние кои поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немаат начин како да се вратат дома, во татковината. Информираме дека Владата организира авионски превоз Лондон-Скопје на 6 април 2020 (понеделник) во попладневните часови. Рокот за пријавување на овој последен повик е до недела, 5 април до 10 часот“, соопшти МНР на својот фејсбук профил.

Од Министерството посочуваат сите заинтересирани да ги достават податоците: име и презиме, број на македонски пасош, контакт телефон и мејл адреса и истите да ги испратат на мејлот од Амбасадата: [email protected].

Поврзани содржини