Зошто е важно да не се носат часовник и прстени додека трае пандемијата на Ковид-19
Исто така, студијата открила дека луѓето кои не носеле прстени имаат подобар ефект при миењето на рацете со повеќе убиени бактерии од оние кои носеле прстени.
Студијата објавена во 2018 година од страна на здравствените работници од Универзитетот во Џорџија открила дека деловите каде прстените ја допираат кожата претставуваат „заштитено подрачје каде што бактериите можат да се размножуваат“.
Исто така, студијата открила дека луѓето кои не носеле прстени имаат подобар ефект при миењето на рацете со повеќе убиени бактерии од оние кои носеле прстени.
Дезинфекцијата на рацете со средства за дезинфекција е исто така помалку ефикасна ако се носат прстени. Една студија од 2003 година открила дека медицинските сестри кои носеле прстени и употребувале средства за дезинфекција на рацете, или користеле марамчиња за дезинфекција или ги миеле раце со антимикробен сапун, потоа имале повеќе бактерии на рацете од оние кои не носеле прстени и ги изведувале исти хигиенски практики, објави „Инсајдер“.
Прстените кои што се отстрануваат од прстите, а пред да се вратат назад, исто така, мора да се измијат.
– Ако прстенот е загаден и го вратите на прстите откако ќе ги измиете рацете, повторно сте ги контаминирале рацете – рече за „HuffPost“ Луси Вилсон, професор во одделот за итни случаи на Универзитетот во Мериленд.
Доколку не сакате да се одвоите од прстените, историчарот на накит Елизабет Дојл ве советува да ги измиете прстените со врела вода и сапун за да ги дезинфицирате без ризик од оштетување, а што може да се случи при употребата на средства за дезинфекција на рацете.