12 ОСОМНИЧЕНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА СЕ ВО ЗАТВОРОТ КУМАНОВО Двајца поранешни градоначалници и десет осомничени зад решетки
Во моментот, во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат дванаесет лица осомничени за трагичниот настан во Кочани. Помеѓу нив се и двајца поранешни градоначалници на Кочани“, информираа од затворот.
Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот.
„Во моментот, во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат дванаесет лица осомничени за трагичниот настан во Кочани. Помеѓу нив се и двајца поранешни градоначалници на Кочани“, информираа од затворот.
Вчера, ЈОРСМ информираше дека Основното јавно обвинителство Кочани донело наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле-тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.