ЖЕСТОКА МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ДРАЧЕВО Во пресметката учествувале лица од 16 до 63 години, полицаец нападнат при интервенцијата

Групната пресметка се случила околу 22:30 часот, а во неа учествувале лица од 16 до 63 години. Повреден е малолетник, а според МВР, со тврд предмет бил нападнат и полициски службеник.

0

Групна физичка пресметка во скопската населба Драчево синоќа завршила со повеќе приведени лица, повреден малолетник и напад врз полициски службеник.

Инцидентот се случил околу 22:30 часот, кога во Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале лица на различна возраст. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во тепачката биле употребувани и тврди предмети.






Во пресметката учествувале лица на возраст од 16 до 63 години, а еден 16-годишник се здобил со расечна рана.

Полицијата интервенирала по пријавениот инцидент, при што биле приведени шест лица: Р.С. (63), Б.С. (37), Б.А. (20), О.С. (41), Н.С. (21) и Ѓ.С. (33), сите од Скопје.

Но, ситуацијата дополнително ескалирала и по пристигнувањето на полициската патрола. Според МВР, еден од учесниците со тврд предмет нападнал полициски службеник.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани содржини