НАПАДНАЛ МАЛОЛЕТНО ДЕВОЈЧЕ, ПА НАСТАНАЛА ТЕПАЧКА Полицијата со детали за инцидентот во Кисела Вода
Физичката пресметка следела откако еден од учесниците претходно физички ја нападнал малолетната ќерка на двајца од другите учесници.
Физичка пресметка меѓу четири лица се случила во Кисела Вода, откако, според пријавеното во полицијата, претходно 32-годишен скопјанец физички ја нападнал малолетната ќерка на двајца од учесниците во пресметката.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 11 август 2026 година во 20:55 часот.
Според пријавеното, во физичката пресметка учествувале Н.Ѓ. (43) и Р.Ѓ. (42) од една страна, и А.С. (32) и С.З. (34) од друга страна. Сите се од Скопје.
Од полицијата информираат дека причина за пресметката било тоа што претходно А.С. физички ја нападнал малолетната ќерка на Н.Ѓ. и Р.Ѓ.
По целосно документирање на случајот, од СВР Скопје најавуваат дека ќе следуваат соодветни поднесоци.