САРА КЕРТИС ПОСТАВИ СВЕТСКИ РЕКОРД ВО ГРБНО ПЛИВАЊЕ Ја исплива патеката од 50 метри за 26,63 секунди

164

Италијанската пливачка Сара Кертис постави светски рекорд во полуфиналето на трката 50 метри грбно на Европското првенство во водени спортови во Париз.

Деветнаесетгодишната Кертис патеката ја исплива за 26,63 секунди. Претходниот рекорд, поставен во октомври 2023 година од Австралијката Кејли МекКеон, беше 26,86 секунди на Светското првенство во Будимпешта.






Во 2024 година, Кертис стана светска шампионка на кратки патеки во мешана штафета слободен стил.

Поврзани содржини