ЗЕМЈОТРЕС ОД 3 СТЕПЕНИ ГИ РАЗБУДИ СТРУЖАНИ Епицентарот во Албанија, потресот се почувствува и во Македонија
Потресот се случил во 07:52 часот, а според Сеизмолошката опсерваторија бил почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени утрово бил почувствуван во Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според информациите, земјотресот се случил во 07:52 часот, а неговиот епицентар се наоѓал на територијата на Република Албанија, на околу 144 километри југозападно од Скопје.
Според досегашните податоци на Опсерваторијата, потресот бил почувствуван од жителите на Струга и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.