ЗЕЛЕНСКИ ОБЈАВИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПУТИН Дали мирот ќе го потпише некој друг?

Претседателот на Украина објави документи за кои тврди дека потекнуваат од руските служби. Според документите се очекува пад на популарноста на претседалот на Русија и неговата партија пред септемвриските избори.

6

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави документи за кои тврди дека потекнуваат од руските разузнавачки служби. Документите покажуваат раст на незадоволството кон Владимир Путин пред изборите за Државната дума закажани за 20 септември.

Според тврдењата на украинската страна, руските аналитичари очекуваат постепено зголемување на неодобрувањето кон Путин и пад на довербата во владејачката партија Единствена Русија.






– Таканаречените индикатори за руско незадоволство од Путин ќе продолжат постојано да растат – изјави Зеленски.

 

„Неодобрувањето расте, поддршката паѓа“

Според објавените податоци, до 20 септември 2026 година околу 55% од Русите би ги одобрувале постапките на Путин. Истовремено, 33% би изразиле неодобрување, додека 12% би останале неопределени.

Документите, според украинската страна, покажуваат и континуиран пад на довербата во Единствена Русија. Во извештаите се споменува и раст на протестното расположение во повеќе руски региони.

Украинските служби тврдат дека станува збор за доверливи анализи пресретнати од руските институции. Независна потврда за автентичноста на документите засега не е објавена.

„Договорот можеби ќе го склучи некој друг“

Зеленски оцени дека трендовите се неповолни за Кремљ и дека можат да доведат до политички промени во иднина.

– Очигледно е дека трендовите нема да се променат и со текот на времето ова може да значи дека договорот ќе мора да се склучи со некој друг од Русија – рече Зеленски.

Поврзани содржини