📷 ЗБОГУМ ЗА АНДРЕЈ ОД ЦЕНТАРОТ НА ДЕБАР Коалицијата Вреди му оддаде почит на пејачот
Со длабока болка ја примивме веста за трагичната загуба на нашиот дебарски син Андреј Ѓорѓиевски, живот неправедно згаснат во трагедијата во Кочани. Заедно, со болка и почит ќе се сеќаваме на нашиот син, нашиот голем човек и уметник, кој повеќе не е меѓу нас - рекоа од коалицијата.
Во центарот на Дебар, на плоштадот „Скендербег” вечерва членови и приврзаници Коалицијата Вреди оддадоа почит на Андреј ДНК, кој загина во пожарот во Кочани.
– Со длабока болка ја примивме веста за трагичната загуба на нашиот дебарски син Андреј Ѓорѓиевски, живот неправедно згаснат во трагедијата во Кочани. Заедно, со болка и почит ќе се сеќаваме на нашиот син, нашиот голем човек и уметник, кој повеќе не е меѓу нас – рекоа од коалицијата.
Околу поставената фотографија на Андреј тие положија црвени рози и напишаа „Дебар тагува за својот голем човек, уметник, хуманитарец”.
– Изразуваме искрено и длабоко сочувство до неговото семејство и до семејствата на сите жртви од трагедијата во Кочани, до пријателите, цел Дебар и цела Северна Македонија. Со мислите сме со сите нив и се молиме ваква трагедија да не се повтори никогаш и никаде, рекоа од Вреди.
Андреј Ѓорѓиевски беше роден 1982 година во Скопје, но родителите живееја во Дебар, каде тој го мина своето детство.