ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОСТАВКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМОВСКИ Центар ќе стане Бангладеш поради градежни дозволи за сдсмовски фирми

Го повикуваме кадарот на Зоран Заев, Горан Герасимовски, итно да дојде во Маџир Маало и да објасни според кои прописи се работи тука, А на одење да си даде оставка, повика денеска Диана Ристовска Додевски, членка на Советот на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

0

 

Улицата Охридска во Маџир Маало е само еден пример за тоа, како се работи во Општина Центар и во какви услови живеат жителите – градоначалникот Горан Герасимовски и СДСМ ако треба Центар ќе го направат и Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Венко Филипче и Зоран Заев, за спас на партијата која оди кон сигурна пропаст, обвини денеска Диана Ристовска Додевски, членка на Советот на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.






– Како и за сите други проблеми, оти општинските инспектори или се на боледување или се на одмор или едноставно си земаат плата, а не работат, така и тука, две години никој од службите под контрола на СДСМ и Герасимовски не видел дека на улицата Охридска во Маџир Маало граѓаните постојано се дават во прашина, а за да стигнат до своите домови, мора да газат преку градежен шут. Тука не може ниту мајка со дете да помине со количка, ниту пак лице со инвалидска количка по тротоарот, па тие мораат да се движат по улица, заедно со возилата, камионите и градежните возила – рече Ристовска Додевски.

А кога сме кај улицата и тротоарот, додаде таа, полека ги снемува, за да може да се направт нови згради, а комшиите да си гледаат во прозорец.

– Го повикуваме кадарот на Зоран Заев, Горан Герасимовски, итно да дојде во Маџир Маало и да објасни според кои прописи се работи тука!? Дали очекува противпожарната единица и итната медицинска помош да интервенираат со велосипеди, бидејќи со комбе и со камион тоа не е возможно! Да дојде Герасимовски во Маџир Маало и да одговори зошто не беа доволно поплаките на Центарци, па се чекаше медиумите да објават, за тој да мора да испрати едно штуро соопштение дека било потребно геодетско мерење – рече Ристовска Додевски.

Дојди Герасимовски, да ни објасниш дали треба и тука да пропаднат тротоар и соседните објекти, за да преземеш нешто, повика таа.

– Дојди Герасимовски, да им објасниш на Маџирмаалци каде се криеше две години! А на одење да си дадеш оставка, а не да ја влечеш Центар заедно со СДСМ во неизбежна пропаст рече Ристовска Додевски.

Поврзани содржини